Приведен малолетник од Скопје, фатен при извршување кражба

На 07.10.2021 во 15.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски служебници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект.

Тој бил приведен во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен разговор и му биле одземени пари кои потекнуваат од кривично дело.

За настанот бил известен Јавен обвинител и Јавната установа центар за социјални работи Скопје, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.