Приведен криминалец од Батинци, насилник познат на полицијата

Полициски службеници од САЕ Тигар во координација со АНБ на 02.10.2021 во 01.40 часот во месноста Лавчани на територија на Велес го приведоа З.Н. (30) од с. Батинци кој се барал со потерница поради основано сомнение за повеќе сторени кривични дела, меѓу кои две „обид за убиство“.

Лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство.