Приведен криминалец баран со потерница

Полицијата вчера приведе 23-годишен скопјанец баран со потерница за издржување на затворска казна од три години за сторено кривично дело.

– Вчера полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Р. Р. (23) од Скопје, кој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување на затворска казна од три години за сторено кривично дело по чл. 236 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.  Лицето ќе биде спроведено во казнено поправна установа, информира денеска МВР.