Приведен крадец во Скопје за издржување затворска казна од 18 месеци

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Ш.А.(38) од Скопје кој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување затворска казна од една година и шест месеци.

Како што информираат од МВР, затворската казна му била одредена за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.