Приведен крадец во радовишко, ограбил куќа и одзел пари

Вчера полицики службеници од СВР Струмица го уапсиле 32-годишниот И.А. од село Габревци поради грабеж на куќа во истоименото село. Тој одзел пари кои биле пронајдени кај него и вратени на сопственикот.

„Вчера во 08.35 часот, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода И.А.(32) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба“ во куќа во село Габревци, при што одзел пари. Кај него биле пронајдени одземените пари и ќе бидат вратени на сопственикот. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а исто така, признал дека и на 23.08.2024 извршил „тешка кражба“ во куќа во село Габревци.

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настаните бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по нивно целосно документирање против И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во билтенот на МВР.