Приведен крадец во Куманово

Во Куманово, денеска, приведено е едно лице поради кражба на личен предмет.

Кумановската полиција го привела и лишала од слобода осомниченото лице Ф.Ј.(38) за кражба во угостителски објект, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Полициски службеници од СВР Куманово денеска го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово. Тој се сомничи дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово одзел личен предмет од едно лице. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ф.Ј. бил приведен во полициска станица“, стои во соопштението на полицијата.

По целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.