Приведен крадец во Карпош, одземеното вратено на сопственикот

Вчера (04.01.2023) во 15.15 часот на ул.„Манапо“ на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Џ.С.(24) од с.Шишево, скопско.

- При преглед кај него бил пронајден предмет кој потекнува од кривично дело „кражба“ извршена во продажен објект во трговски центар во Карпош, а исто така, кај него бил пронајден и одземен нож. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.