Приведен крадец од Скопје кој извршил тешки кражби

32 годишен скопјанец баран со централен распис од Одделението за криминалистички работи Карпош, бил лишен од слобода вчера во Скопје. 

Тој бил баран заради сомнение дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“, на подрачјето на град Скопје. 

Од МВР информираат дека бил задржан во Полициска станица Карпош и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.