Приведен крадец од Скопје баран со централна потерница

Денеска во 10.20 часот, на ул.„Тодор Чангов“ во населба Лисиче, Скопје, бил лишен од слобода 27-годишен скопјанец. 

Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР. 

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.