Приведен крадец на велосипеди во Гостивар

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 10:30 часот на улица „Панче Поповски“ во Гостивар, го лишиле од слобода 54-годишниот С.Ј. од Охрид.

Како што информираат од МВР, С.Ј. се сомничи дека  на подрачјата на Гостивар, Кичево, Охрид и други места извршил повеќе кражби на велосипеди, кои потоа ги продавал во други места.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок.