Приведен крадец кој одзел предмети од чанта во такси возило

Полициски службенци од СВР Куманово вчера во 23.20 часот го лишиле од слобода Д.А.(29) од Куманово.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека на 13.04.2023 од чанта во такси возило одзел  предмети. Со него бил приведен и Т.Б.(42) од Куманово бидејќи кај двајцата биле пронајдени и одземени остри предмети.  

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.