Приведен е човекот кој со пиштол денеска се шеташе низ Аеродром

Приведен е човекот кој денеска со пиштол се шеташе низ населбата Аеродром  за кој претходно беше предупредено на социјалните мрежи. 

Пиштолот со кој ги заплашувал минувачите не бил вистински, туку пластичен, а повеќе детали за инцидентот од МВР најавија во најскоро време, пренесува Слободен печат. 

Претходно на социјалната мрежа Твитер, беше објавено видео од напаѓачот, но некои граѓаните сметаа дека станува збор за снимање на некаква реклама или филм.