Приведен дилер во Кочани, пронајден хероин

Во Кочани денеска во 02.00 часот на ул.„Иван Иванов – Балаш“, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.И.(36) од Кочани, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин.

Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, информираат од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.