Вчера во 06.15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(49) од Скопје.
Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров била пронајдена и одземена марихуана.
-Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.