Приведен дилер во Ѓорче Петров, пронајдена дрога

На 11.01.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.О.(40) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана, бела грутчеста материја, таблетки, дигитална вага и нож.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.