Приведен дилер од Велес

Полициски службеници привеле велешанец, кај кого при претрес на неговиот дом биле пронајдени хероин, марихуана и таблети, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– На 12.10.2021 во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Р.(35)  од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, марихуана и таблети, посочуваат од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.