Приведен дилер од Гостивар

На 23.07.2021 во 23.00 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Д.С.(40) од Гостивар затоа што кај него биле пронајдени три кеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.