Приведен дилер на дрога во Аеродром

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера во 20.30 часот го лишиле од слобода Т.Б.(40) од Скопје. 

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и марихуана. 

-Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.