Приведен 65-годишник од Пласница по закани кон полицајци, уште две лица ги нападнале службениците

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во село Пласница го лишиле од слобода 65-годишниот Р.Б., кој агресивно се однесувал и упатувал закани кон полициските службеници.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, по приведувањето на Р.Б., две лица од Пласница – Е.Д. и А.Д. – физички ги нападнале полициските службеници.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.