Приведен 50-годишен скопјанец баран по централна потерница

 

 Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје денеска го лишија од слобода 50-годишниот скопјанец Т.Г.

Како што информира МВР, за Т.Г., кој бил приведен на улица „Иљо Војвода“ во Скопје, била распишана централна потерница по наредба на скопскиот Основен кривичен суд за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни

супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Тој ќе биде предаден во казнено-поправна установа за издржување на казната, се додава во соопштението на МВР.