Приведен 33-годишен дилер од тетовско за издржување затворска казна

На 12.10.2021 во 21.10 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин – СВР Тетово, врз основа на наредба од Основен суд Тетово, го привеле Ф.О.(33) од с.Желино за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор - Тетово за издржување на казната.