Приведен 29-годишник кој пукал со воздушна пушка во кучиња скитници

Полициски службеници вчера во 18.30 часот на ул.„Димитар Илиевски Мурато" во Битола привеле 29-годишник кој пукал со воздушна пушка во кучиња скитници.

-И.Г. (29), управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници. Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи, соопшти МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.