Приведен 29-годишен скопјанец, кај него пронајдени околу 1,5 килограми дрога

По добиени сознанија и судска наредба, полицијата денеска изврши претрес во домот и други простории на Г.Ф. (29) во село Долно Лисиче и други локации. При претресите пронајдени се 40 ќеси со марихуана со вкупна тежина од околу килограм и половина, дигитални ваги и амфетамин.

Лицето, како што соопшти МВР, е лишено од слобода и е во ПС Аеродром за понатамошна постапка.

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.