Приведен 27-годишник од Ресен поради дрога

На 17.03.2023 од 14.10 часот од полициски службеници од Полициската станица Ресен бил лишен од слобода Н.Ќ.(27) од Ресен. 

- При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, информира МВР.

Лицето е приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.