Приведен 27-годишник кој „оперирал“ низ приватни имоти во Куманово

Полициски службеници вчера привеле 27-годишен кумановец.

-На 12.04.2023 во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на април 2023 од дворни места на приватни имоти одзел повеќе предмети, информира МВР.

С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.