Приведен 26-годишник поради бегство од штипскиот затвор

Полициски службеници привеле 26-годишник кој избегал од штипскиот затвор.

-Во 00.05 часот на автопат А1, во правец од Неготино кон Градско, во близина на „Црвени брегови“, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за гранични работи Југ е лишен од слобода Р.Џ.(26) од Штип, соопшти МВР.

Како што информира МВР, Р.Џ. бил баран по распишана потерница од КПУ Затвор Штип, каде избегал додека издржувал казна затвор.

Р.Џ. е приведен и спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.