Приведен 21-годишен дилер, одземени 13 паковки со марихуана

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода П.Т.(21) од с.Горно Оризари, битолско.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 13 паковки со марихуана, дигитална вага и други предмети.

-Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.