Приватните превозници во Скопје се заканија доколку до понеделник не им биде исплатен долгот, ќе возат само до 10 часот

Доколку до понеделник (06.10.2025) не биде исплатен долгот кон приватните превозници во Град Скопје, нивниот возен ред ќе биде намален за 70 проценти.

Тие ќе возат само прва смена од 5 до 10 часот, соопшти вчера сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски.

Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје денеска побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што изјавија, во моментов се доспеани 90 милиони денари.

Доколку не се исплатат парите до понеделник, приватниците рекоа дека ќе се редуцира возењето, односно трите компании ќе возат само прва смена со 30 проценти капацитет, се до исплатата на долгот.