Приватните превозници се враќаат на улиците до крајот на мај

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата „10 минути“ на „ТВ21“ најави дека приватните превозници ќе се вратат на скопските улици до крајот на мај.

-Тоа што го имавме како постапка беше прекинато двапати затоа што имаа недостатоци во документацијата. Сега им е целосна документацијата и очекувам наскоро да се надмине проблемот. Очекувам тоа да биде кон крајот на месецов“, кажа Арсовска.

Скопје има проблеми во јавниот превоз повеќе од пола година.