Приватните превозници најавија нови блокади на улиците

Дел од приватните превозници денеска протестираа пред седиштето на ЈСП – Скопје во Автокоманда и побараа средба со директорот на претпријатието, по што се упатија кон Град Скопје за да достават барање за средба со градоначалничката Данела Арсовска.

- Доколку до петок не оствариме средба со претставници од ЈСП и Град Скопје, од понеделник повторно ќе блокираме улици, кажаа приватните превозници.

Приватните превозници тврдат дека долгот кон нив е над 1,5 милиони евра, а исто така посочија дека не конкурирале на новите огласи на Градот зашто бил само за пет линии, а не за 16 како досега.