Приватните превозници бараат повеќе автобуси на линијата со број 19

Автобусите од приватната компанија “Мак Експрес” кои се движат на линијата број 19 во Скопје вчера протестираа, оставајќи ги автобуските станици полни со патници. 

„Жителите на Шутка кои ги транспортираме и од општината Чаир, се навистина многу, имаме проблеми на станиците бидејќи времето меѓу два автобуса е предолго. Порано возевме на секои 7 минути, а сега на секои 11 или 14 минути. Автобусот се полни за три станици и потоа другите патници кои чекаат на четвртата станица се бунат против нас“, за Алсат, објаснуваа возачите.

Тие бараат да се промени возниот ред на линиите каде што сообраќаат и возила на јавното претпријатие, за кои тврдат дека не го почитуваат возниот ред.