Притворот за актерот Јовановски ја одложи претставата „Ничија Земја“

Пред полна сала актерите на Македонскиот народен театар вечерва ја одложија претставата „Ничија земја“.

Целиот актерски тим излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи ѝ се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега, Владо Јовановски, претставата нема да се одигра.

По ваквата одлука, публиката ја напушти салата.

Со одлука на Врховниот суд актерот Владо Јовановски, наместо куќен пртвор, доби 30 дена притвор во Истражниот затвор „Скопје“ поради учество во крвавиот четврток во Собранието на 27 април.