Притвор за тројцата скопјани кои одгледувале канабис

Судија на претходна постапка вчера им одреди 30 дневен притвор на тројцата скопјани кои се сомничат дека одгледувале канабис сатива во тетовско.

Лицата синоќа се спроведени во КПУ „Скопје“ – Скопје за издржување на притворот.

Полицијата вчера информираше дека уапсени се А.Ш.(24), Р.К.(30) и И.Т.(26), сите од Скопје.

Тројцата биле затекнати во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, каде биле откриени околу 100 стебла-насади „канабис сатива”, дел засадени во земја, а дел во саксии.