Притвор за скопјанец: Во својот дом во Сингелиќ неовластено чувал муниција

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело  – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 август, обвинетиот 38-годишен скопјанец, во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и 6 од албанско производство. Куршумите со калибар 7,62Х39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.

Надлежниот јавен обвинител доставил и Предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи ценел дека и натаму постојат законските основи заради кои оваа мерка првично била определена.