Притвор за скопјанец кој физички ја нападнал својата поранешна девојка

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода В.Д.(42) од Скопје затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата поранешна 39-годишна сопруга.

- По целосно документирање на случајот, на 05.08.2022, Единицата за насилен криминал - Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во консултација со Јавен обвинител, против В.Д. поднесе кривична пријава по итна постапка, а од судија за претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор, се вели во полицискиот билтен.