
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека е поднесена кривична пријава против полициски службеник за семејно насилство. Лицето кое е вработено како обезбедување на функционери, е уапсено и е во притвор, а ќе следи и предлог за отстранување од рабоното место.
- Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО - ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, информираа од МВР.
- Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена. Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место, додаваат од полицијата.