Притвор за дилер на кокаин од Битола

Тресетдневен притвор за 37-годишен битолчанец поради продавање хероин. Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен битолчанец, за кого биле обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека од февруари годинава во повеќе наврати неовластено држел и продавал наркотична дрога – хероин.

- При извршен претрес на 10 април, полициски службеници кај него пронашле 12 грама хероин за која имал намера да ја препродаде на наркозависници, известуваат од ЈО.

Оттаму соопштуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи оценил дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото.

- Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, информираат од ЈО.