Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела - Полов напад и силување велат од ОЈО Битола.
„Осомничениот во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот“, додаваат од ОЈО
Поради опасност од тоа осомничениот да ги повтори делата доколку остане на слобода надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од Судот е прифатена, истакнуваат од ОЈО Битола.