Пристигнаа новиот планум и вториот книжевен бран во „Tри“

Во „ТРИ“ пристигна прилив од наслови и попусти! Со пристигнувањето на новото издание на најкреативниот планер, новиот ПланУМ, започнува и вториот книжевен бран од Летниот фестивал на книгата. По тој повод се подготвува прослава заедно со авторката Александра Шаровиќ Атанасовска. Утревечер во 19:30 часот на „Тераса ТРИ“ ќе се наздравува за новитетите.

Тоа значи и освежување на понудите од Летниот фестивал на книгата, кој е во тек. Фестивалски цени добиваат и ексклузивните новопристигнати наслови од извонредни автори какви што се Рафаела Жордано, Брит Бенет, Ањес-Мартен Лиган, Дејл Карнеги, Џеси Ицлер, Брајан Трејси и многу други. Мошне збогатената понуда за 3 и 5 наслови за 499 денари ќе ве пречека само во книжарниците на ТРИ. Големи попусти добиваат и монографиите за архитектура, уметност, филм и фотографија во издание на „Ташен“, кои можат да се порачаат и онлајн на kniga.mk.

Целата понуда може да се разгледа на следниот линк заедно со насловите, попустите и новите книжевни предизвици.