Пристигна новата механизација во Општина Центар - веднаш почнува чистење на сметот од улиците

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информираше дека новата механизација пристигнала во општината и дека веднаш започнуваат со собирање и чистење на сметот од улиците во Центар.

„Веќе четири години секој неред што го остава ЈП „Комунална хигиена“ самите ние го расчистуваме, иако граѓаните редовно плаќаат за оваа услуга“, посочи Герасимовски во објавата на социјалните мрежи.

Тој воедно искажа благодарност до работниците на Општината, за кои вели дека неуморно се ангажираат за почиста општина.