Пристигна дрвото кое ќе стои на местото на Ќосето

Градските власти го купиле дрвото гинко кое треба да се засади на местото од каде што беше отстранет споменикот на Андон Јанев-Ќосето, пишува Независен. 

Дрвото ќе биде засадено на 5 мај кога се очекува Град Скопје да го посети делегација од збратимениот Нирнберг.

Купени се три дрва, а 50 се во процедура за набавка.

- „Сѐ е подготвено, само се чека делегацијата од Нирнберг која ќе ја донесе плочката, која всушност ќе биде нивна донација и ќе стои на дрвото“, велат од Град Скопје, пренесе Независен.

За потсетување, на плочката ќе биде испишан текстот од членот 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации кој гласи: „Секој има целосно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“.