Природна маска за коса како од рекламите

Се што ви е потребно се банани, јајаца, мед и маслиново масло и вашата коса да биде како од рекламите.

Состојки:

– банана

– едно јајце

– три лажици мед

– пет лажици маслиново масло

Подготовка:

Изгмечете ја бананата и додадете ги останатите состојки. Се добро измешајте, додека да добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската на целата коса и оставете ја да отстои половина час. Потоа измијте ја косата со млака вода, па измијте ја со поблаг шампон и повторно измијте ја со млака вода.

Повторувајте ја постапката три пати неделно и вашата коса ќе блеска.