Кашлиците не се чести само во студените денови.
Photo by Ionela Mat on Unsplash
Тие се јавуваат често, понекогаш заради алергиите, клима уредите, па дури и одредени настинки во текот на летниот период.
Иако сувите кашлици често се поврзани со одреден тип на респираторна инфекција или иритација, сепак често можат да траат и со недели и да бидат предизвикани од различни нешта.
Но, што може да ни помогне?
Најдобриот начин за да си помогнеме кога ќе се соочиме со кашлица е да додадеме мед во пијалоците кои ги пиеме. Дефинитивно, топлиот чај со мед има одличен ефект на нашето грло, но во овој случај медот треба да биде наша секојдневна навика и тоа неколку пати во текот на денот. Тоа е така бидејќи медот го смирува грлото, ги намалува воспаленијата и помага во решавање на ваквиот проблем. Ако не сте љубители на топли напитоци, тогаш земете само лажица мед, особено корисна пред спиење или наутро по будењето.
Освен ова, иако медот е корисен сам по себе, комбинацијата на мед и лимон е добитна комбинација во борбата против кашлицата. Кога ќе додадеме мед, тоа придонесува и за дополнително подобрување на имунитетот и убав вкус.