Природата во околина на Скопје - најефективен начин  да се ослободиме од стресот и негативните мисли

Животот често е полн со предизвици и стрес од сите обврски кои ги имаме во текот на денот.

Фотографија: Ervo Rocks

Сето тоа ни одзема енергија, може да нè направи нервозни и уморни и да влијае на нашето ментално и физичко здравје. Затоа, не смееме да заборавиме да се грижиме за себеси и да се потрудиме да ги вратиме мирот и хармонијата во нашиот живот. Некои активности ни се многу достапни и бесплатни, а можат значајно да ни помогнат да ги намалиме стресот и нервозата.

Многу истражувања посочуваат дека природата може да го намали стресот, бидејќи со минувањето време во природа му дозволуваме на нашиот ум да се ослободи од негативните мисли, да се опушти и да најде мир. Минувањето време во природа или барем гледањето во природа од прозорец го намалува бесот, стресот и анксиозноста и го подобрува расположението.

Еден важен совет кој сакаме да го споделиме со вас е кога правите прошетка во природата сосема да заборавите на вашиот телефон, да дишете свеж воздух длабоко и да дозволите да ги слушнете звуците од природата. Впијте ја мирната и позитивната енергија од природата и самите утврдете дека животот не мора секогаш да биде толку брз и хаотичен.

Не морате да патувате далеку. Нашиот главен град нуди многу места во околината кои се богати со природа и места кои можат да се посетат. 

  • Guardian минатата го вброи кањонот Матка меѓу десетте најубави кањони во Европа кои се лесно достапни за авантуристите и нудат одлични погледи и добри патеки за шетање.
  • На 40-тина километри од  Скопје, скриен меѓу бујна вегетација, издигнат над реката Пчиња е овој адреналински, пешачки мост. Мостот го спојува селото Кожле со автопатот “Пријателство”, а се наоѓа помеѓу Скопје и Велес.
  • Голема и широка ледина од која ги гледате Автокоманда и Железара, а сепак дишете свеж воздух - тоа е парк-шумата Гази Баба