Природата е најкорисна за луѓето по долгата пандемија

Пандемијата траеше многу подолго од очекуваното, но и сега со намален број случаи, сè уште не знаеме како ќе се одвива ситуацијата на есен.

Според едно ново истражување објавено неодамна, времето поминато во природа по долгото седење дома поврзано со пандемијата е најкорисно за нашето ментално здравје. Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот Environment International, а студијата е спроведена од Институтот за животна средина и технологија на Универзитетот во Барселона и Универзитетот Порто.

Според објавените податоци, луѓето кои за време на пандемијата минувале подолго време во природа се соочиле со помал психолошки стрес и психосоматски симптоми. Според лидерите на истражувањето, ваквите податоци се значајни и во овие периоди кога е започната вакцинацијата а бројот на заразени и починати значително се намалува.

Ова е особено важно за луѓето кои беа заразени од вирусот, но и кои живеат сами и минаа значително време сами поради самата пандемија, но и наложените мерки од страна на властите. Шпанија е една од државите која имаше строги мерки и долг карантин за своите жители особено кога бројот на заразени беше огромен на дневно ниво. 

Како дополнителна активност која се посочува во истражувањето а која би можела да биде корисна и во текот на следните месеци е грижата за домашна градина и садењето билки и растенија во домот или дворот, зависно од условите во кои живееме. 

Ова е едно од низата истражувања кои покажуваат колку е големо влијанието на природата и отворениот простор на нашето ментално здравје, а особено значајно по самата пандемија кога немавме многу можности да практикуваме физичка активност во природа. 

jordan release date | Air Jordan XXX1 31 Colors, Release Dates, Photos , Gov