Принова во ЗОО Скопје: Се роди преслатко џуџесто мајмунче

Скопската Зоолошка градина побогата за уште еден мал, пресладок жител, мало мајмунче од видот џуџест мармозет. 

„Џуџестите мармазети се најмалите мајмунчиња на светот и тежат најмногу до 100 грама. Може да замислите колку е мало бебенцето“, соопштуваат од ЗОО Скопје. 

Тие големината на ова бебе ја споредуваат со детски прст.