Прилепчани со автомобил влегоа во кристалното мермерно езеро (ВИДЕО/ФОТО)

Тиркизно-сина боја блеска од малото езеро што се формира над селото Беловодица во близина на Прилеп. Езерото, кое е сместено во самото окно на мермерниот ископ, е атракција за жителите на прилепскиот крај, кои решија таму да бараат спас од летните горештини.

Сепак, еуфоријата околу разоткривањето на оваа природна убавина бргу беше нарушена. Деновиве поголема група прилепчани се решиле сосе автомобил да влезат во езерото и од покривот на возилото да скокаат во водата. Нивниот автомобил, за кој велат дека е на електричен погон, го врзале со сајли за џип, паркиран на мермерниот брег.

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како групата до половина го внела возилото во кристално чистата вода и го користи како платформа за скокање и како импровизиран тобоган, објави Телеграф.мк.

Погледнете ги нивните „лудории“  ОВДЕ и оценете дали нивната постапка е за критика.