Прилепчани претепале момче пред кафуле, итно пренесено на скопските Клиники

Основното јавно обвинителство од Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица кои се сомничат дека сториле кривично дело насилство. Тие на 19 август во кафе бар во Прилеп без повод и причина физички нападнале 21-годишно момче кое седело во локалот. Тепачката продолжила пред кафе барот при што момчето се здобило со тешка телесна повреда и поради сериозноста на повредите е пренесено на лекување во Скопје.

Приведен е 44-годишен прилепанец, а останатите двајца кои се на возраст од 23 и 18 години, не се достапни на органите на прогонот.

По предлог од Основното јавно обвинителство Прилеп, на осомничените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, но за двајцата осомничени кои се во бегство, притворот ќе почне да им се пресметува од денот и часот кога ќе бидат лишени од слобода.