Прилепчанец со возило прегази малолетничка

Вчера во Прилеп се случила несреќа кога „Цитроен берлинго“ управувано од 54-годишниот С.Т. удрил во малолетен пешак од с. Мало Коњаре.

-На 07.12.2022 во 12.27 часот било пријавено дека во Прилеп, на крстосницата на ул.„Кузман Јосифоски“ со бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(54) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од с.Мало Коњаре, информираат од МВР.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската болница во Прилеп.

- Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп, информираат од МВР.