Прилепчанец две години следел малолетничка и полово ја вознемирувал

Малолетничка две години била следена и полово вознемирувана од 39-годишен маж. 

СВР Битола информира дека синоќа во 21:45 часот во ОВР Прилеп, 44-годишен прилепчанец пријавил дека неговата малолетна ќерка во период од околу две години била следена и полово вознемирувана од 39-годишен прилепчанец.

Според пријавата, осомничениот во текот на вчерашниот ден во продавница ја допирал по телото.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.